Над 400 граѓани вакцинирани денеска во Штип во прва смена

Над 400 граѓани денеска се вакцинираа во салата „Јордан Мијалков“ во Штип. Вакциналниот пункт работеше само во една смена и воглавно сите закажани термини беа испочитувани и граѓаните дојдоа на вакцина.

Старосната граница денеска остана над 60 години со најава дека од понеделник истата ке биде намалена. Се вакцинираа и пациенти од критичната инфраструктура. Меѓутоа заинтересираност има, а дополнително денеска пристигна и нов контигент на вакцини од производителот „Фајзер“ за ревакцинација.

Од понделеник е најавено и намалување на стросната граница на граѓани за вакцинација. Според информации од министерството за здравство.Вкупно се аплицирани 203.324 дози вакцини, а ревакцинирани се 26.415 граѓани. Бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 346.431 граѓани.

Лаура Стојанова М-Нет