
Ставен под контрола големиот пожар во пехчевско, но на терен се уште има дежурни екипи со цел да не се разгори повторно. Од утринава се рагира само од копно бидејќи нема потреба од воздушна поддршка. Но, изгоре високостеблеста борова шума, а штетите и последиците од пожарите дополнително ќе се утврдуваат.
„Пожарот е локализиран, се држи под контрола, имаме нон стоп дежирни екипи на терен, иамме мало жариште, но се става под контрола.“ – вели Китански.
Во кочанско пак и денеска се реагира во гасењето на пожарот кај Пресека, кој во текот на вчерашниот ден се префли кон неколку села во Македонска Каменица. На терен се пожарникари, доброволци, припадници од Национални шуми.
„ДПД Кочани заедно со ТППЕ Кочани излегоа со девет пожарникари и три возила. Помош имавме од Каменица и Национални шуми. И денеска се интервенира на истиот простор со три возила и осум пожарникари од ТППЕ и ДПД Кочани.“ – вели Илијев.
На терен бешепуштено и новото возило на ДПД Кочани. Од друштвото апелираат до хуманите граѓани кои се во можност да донираат средства за возилото да може да се опреми и на тој начин да се делува во гасењето на пожарите.
Лаура Стојанова М-Нет