
Отворени линии за бесплатна психолошка помош има Црвен крст Штип за настраданите од пожарите. Во период кога гори речиси во цела држава повеќе од потребна е психолошка помош, велат од црвениот крст и додаваат дека на нивните телефонски броеви може да се обратат сите кои имаат потреба. Во меѓувреме мобилни тимови посотојано се на терен на пожарите каде се помага со дистрибуирање на вода, логистичка поддршка на тимовите институциите и слично. Само на планината Серта се дистрибуирани над 700 литри вода.
„Црвен крст се вклучува активно во операцијата за справување со пожарите. Преку мобилните тимови даваме логистичка поддршка на екипите, на институциите и на сите граѓани кои се ангажирани во гасење на пожарите. Црвен крст Штип преку мобилните тимови беше вклучен со активности на планината Серта каде беа дистрибуирани 726 литри вода. Црвен крст има отворено и линии за психолошка прва помош за настраданото население од пожарите.“ – вели Димитровска.
Летниот период освен на пожарите екипи на Црвениот крст се на терен и помагаат во справувањето на граѓаните со високите дневни температури. Димитровска посочува дека расте интересот кај младите пред се средношколците да се вклучат во ваквите активности на терен и да им помогнат на граѓаните.
„ Во активности летниот период тие се вклучуваат во активности за топлотен бран, постојано се на терен, дистрибуираат флаширана вода на нашите сограѓани како и флаери како да се заштитат од топлотниот бран, мерат крвен притисок на населението и слично“ – додава Димитровска.
Во меѓувреме во тек е и огласот запријавување на граѓани за лични асистенти на лица со попречености.
Лаура Стојанова М-Нет