Берово една од најтранспарентните општини, Источниот регион и понатаму лидер во транспарентност

Берово е една од општините кои освои максимални 100 поени за актива транспарентност за 2024 година, додека Источниот регион и оваа година е најдобар идентично како и лани. Подобрување во транспарентноста има, па ако лани овој регион освоил 83 поени, годинава е со освоени 88.

Чешиново-Облешево ги задржа ланските 80 %, но лани со нив беше на седмата позиција, а годинава падна на претпоследната 10-та. Пехчево, со само 70 %, е убедливо најслабо рангирана општина од Источниот Регион.

Една третина од општините имаат над 90 % активна транспарентност, a за првпат откако постои Индексот на активна транспарентност (2016 год.), пет општини ги освоија максималните 100 %, што значи ги објавуваат сите информации предвидени со активната транспарентност. За разлика од лани кога имало36 општини годинава 46 се наоѓаат во најдобрата група.

Просечната активна транспарентност на сите 98 вклучени институции за 2024 година изнесува 80 % (од максимално можни 100 %) и според градацијата на нивоата, спаѓа во ’многу добра‘ активна транспарентност. Активната транспарентност во 2024 година, која изнесува 80 %, е подобрена за 4 процентни поени во однос на лани, кога изнесуваше 76 %.

Лаура Стојанова М-Нет