
Подрачното училиште во селото Крупиште нема да биде затворено, и покрај информациите што се појавија во јавноста. Градоначалникот на Општина Штип, Виктор Паунов, ги демантираше ваквите тврдења, оценувајќи ги како неточни и дезинформации. Иако училиштето е опфатено со оптимизацијата на училишната мрежа, наставата ќе продолжи. Деветте ученици од прво до петто одделение ќе следат настава во една комбинирана паралелка. Според Паунов, училиштето ги исполнува условите за да продолжи со работа.
,,Иако се одвиваат и слушаат многу гласини и информации се во најголем дел неточини или дезинформации. Од оваа прес конференција сакам уштен на почетокот ја да отфрлам информацијата дека подрачното училиште во селото Крупиште ќе биде затворено, ова е неточна информација. Подрачното основно училиште ќе продолжи да функционира иако е опфатено со дел од оптимизацијата, затоа што е намален бројот на деца, но ова училиште ќе продолжи да работи со една паралелка во одделенската настава, затоа што бројот на деца во ова населено место изнесува под десет, односно брои девет деца од прво до петто одделение и го исполнува условот за една комбинирана паралелка, така што ова училиште ќе продолжи да работи.“, кажа Паунов
За подрачното училиште во Долни Балван се уште нема конечна одлука. Како што тврди градоначалникот Паунов, општината, Министерството за образование и училиштето се во интензивна комуникација, а останува непознато дали ќе бидат исполнети условите за формирање комбинирана паралелка, со цел училиштето да продолжи со работа и оваа учебна година.
Што се однесува до другите подрачни уличиште, речеиси во секое населено место е застапена оптимизацијата од оваа учебна година, затоа што во голема мера броиките ни го налагаат истото и имаме намалување и за новозапишани првооделенчиња, но и вкупниот број пред се во одделенската настава е доста видно намален од оваа учебна година. Се шпекулира и за селото долни Балван. Овде би сакал да изјаснам дека во комуникација и со министерството за образование и наука, општината и училиштето Страшо Пинџур во интензивни разговори и комуникации се уште е непознато дали ова училиште ќе успее да обзебзеди една комбинирана паралелка, затоа што е надвор од постоечкиот закон за комбинирање на паралелки, но нашата интенција е и ова училишта да остане во функција и да продолжи и оваа учебна година.“, вели Паунов
Доколку не се формира комбинирана паралелка, општината ќе обезбеди редовен и навремен превоз за учениците. Паунов посочи дека оптимизацијата на училишната мрежа е неопходна поради променетата демографска слика и намалениот број ученици.
,,Со самата таа близина, овие деца ќе можат физички да бидат на истото место. Доколку не се успее, општинта е должна да обезбеди редовен превоз, кој ќе биде редовен и навремен и нормлано подобри услови за ученици од било кое населено место. Процесот за оптимизација во Општина Карбинци е пристутен и треба да се спроведе, затоа што самата демографска слика не е иста како порано.“, рече Паунов
Градоначалникот Паунов од прес конференцијата истакана дека сите подетални информации ќе бидат познати до средината на месец август. Уверува дека тие како општина се целосно на страната на граѓаните и родителите, затоа што како што рече тие се на прво место.
Иван Митев, М-Нет