Со донација на 10 илјади маски и 5 илјади ракавици за една употреба, на здравствените работници, кандидатот за градоначалник од Социјалдемократскиот сојуз д-р. Сашко Николов, им се заблагодари на своите колеги за трудот и маката кои во време на оваа пандемија паднаа на нивен товар.
Со трошење на 5 минути од скапоценото време, д-р. Николов и се обрати на штипјани да излезат на 13 декември и да го остварат своето демократско право на глас.