Бочварски задоволен од намалувањето на цените за имотно земјиште кај земјоделците.

Агенцијата за катастар на недвижности изврши намалување на цените за запишување на сите земјоделски објекти, посебно на објектите за земјоделско производство и земјоделски комплекси како оранжериите. Во средбата директорот на агенцијата за катастар на недвижности го запозна министерот за транспорт и врски Бочварски со цените, намалувањето и работењето на катастарот.

Со овој разговор се разменија мислења за потребите на оптината и да се изнајде начин на комуникација и соработка.

Соработката е секојдневна како за  градежно земјиште, имотноправни прашања, така и за предавање на ингеренции на општини со клучна улога на катастарот – истакна Бочварски.