Наумов со повик до болните и изнемоштени лица како и осудените лица со својот глас да направат промена во Општина Штип.

На два дена пред можноста своето демократско право на глас, да го искористат болните и изнемоштени лица како и затворениците, на прес конференција кандидатот за градоначалник на Општина Штип од редовите на ТМРО, Лазар Наумов, излезе со повик истите први да ја направат промената, и да гласаат на 12 декември.

Инаку, од пристигнати 68 барања за гласање на болни и изнемоштени лица и затвореници, прифатени се 66. Тие ќе можат да гласаат на 12 декември во сабота. Пред нив на 11 декември гласаат лицата позитивни на ковид 19 и оние во изолација, од кои интерес пријавиле само 12 лица, а во недела сите останати граѓани на Општина Штип.