
Повторно пукна насипот на едно од јаловиштата на рудникот Саса Македонска Каменица. Низ Каменичка река се слеале повеќе тони штетни материи, бистрите планиски води повторно се претворија во отпадна дестинација која се слеваше со голема брзина. Рудникот кој пред 12 години доживеа комплетна санација и изградба на безбедни јаловишта по сите еколошки стандарди, рудникот кој за таа намена издвои повеќе од 120 000 евра денес е повторно е мета на еколошки инспекторски надзор. Според официјалното соопштение професори од Рударскиот факултет во Штип и Градежниот факултет во Скопје, заедно со стручни екипи на компанијата, ја направиле деталната истрага за да ги утврдат причините за инцидентот.
Надлежните индормираат дека дефектот ненадејно се случил само на јаловиштето број 4, и тоа во шест часот изутринава, а истекот на јаловишните води во локалниот речен тек е запрен по неколку часа.
Набргу по дефектот истекувањето е запрено и состојбата е нормализирана. Првичните резултати од истрагата покажаа дека дефектот не претставува закана за здравјето и безбедноста на вработените во рудникот и на жителите во неговата околина. И додека локалното население се плаши за сопственото здравје и околната, локална флора и фауна, коментарите во прашална форма им се насочени во очигледниот недостиг на предвидливост на дефект за кој се задолжени доброплатените инжинери од тој сектор.
Од рудникот со смирувачки тонови констатираат дека не се работи за еколошка катастрофа слична на онаа пред една деценија.
Дополнително, постапувајќи согласно одредбите од Законот за заштита на животната средина и правилата од А-интегрираната еколошка дозвола, за настанот се известени и сите надлежни институции.
Маре Стојилова М-Нет
Монтажа: Дарко Лазев