
На 02.12.2020 во 14.50 часот во СВР Штип, од Казнено поправниот дом Штип било пријавено дека во просторијата за шетање на осуденици во Затворот била пронајдена прашкаста материја. Полициски службеници од СВР Штип извршиле увид и ја одзеле прашкастата материја за вештачење. Се работи на расчистување на случајот.