Реконструкција на спортската сала на СОУ „Коле Нехтенин“

Реконструкцијата на спортската сала во СОУ „Коле Нехтенин “ е трета по ред инвестиција за оваа година која има поголем обем. Ова уследи по реконструкцијата на котелот за парно греење и целосната реконструкција на кровот на ова училиште. Станува збор за спортската сала која досега не беше функционална поради лошата состојба. Увид во градежните работи денес изврши в.д градоначалникот на Општина Штип, Јане Миланов кој објасни дека реконструкцијата опфака замена на под, замена на прозорци и ново осветлување. Се работи за инвестиција од 7,5 милиони денари вложени во обнова на 1100 метри квадратни. Директорот на СОУ „Коле Нехтенин “, Деан Павлов изјави дека оваа обнова се случува после повеќе децении а новиот лик на спортската сала ќе значи и можност за одигрување на професионални натпревари.

Во СОУ „Коле Нехтенин“ наставата се одвива онлајн без никаков проблем, а во ова средно училиште досега нема регистрирано позитивни случаи на коронавирус кај наставниот и кај ученичкиот кадар.

Маре Стојилова М нет

Игор Зиврев М нет