
Работата за македонците во соседна Србија или пак Албанија е возможна само со еден клик, со помош на Отворен Балкан се отвораат и вратите за работниците. Потребен е само профил и да се поднесе барање за сертификат. Потоа се чека конечна одлука и лица од Македонија може да се вработат во Србија или Албанија на пример. Колку Отворен Балкан е позитивен за младите во државта? Повозрасните штипјани на терен свесни дека животот за младите дома е тежок ама децидни дека подобро од дома нема. Ако пак се одлучат младите на живот и работа надовр од Македонија, тогаш тоа би требало според нив да се земјите како Германија каде има повеќе пари.
„Подобри овде да останат младите и овде е добар животот. И тука нема работа, ама што ќе прават во Албанија или Србија. Повеќе работа има во Словенија, Хрватска. Јас мислам дека од дома подобро нема.
И додека повозрасните се молат нивните деца да останат дома, и да живеат и работат во Македонија, опцијата Отворен Балкан за младите е одлична можност. Велат на таков начин многу полесно ќе најдат работа, и како што велат ќе живеат подобро.
„Јас мислам дека тоа е премногу добро за македонците оти младите сите сакаат да одат надвор од Македонија, па многу полесно ќе им биде сега. Тешко се живее“ – велат помладите.
Инаку, Според податоците, и во Србија и во Албанија недостасува медицински кадар, мајстори и работници во угостителството, оти многу работници се селат во западните земји каде се далеку поплатени. Со помош на Отворен Балкан колку губиме толку и добиваме велат од Организацијата на работодавачи. Сезонски работници може да очекуваме во земјоделство или градежништво.
Иницијативата Отворен Балкан започна 2019-та со цел да нема граници меѓу трите земји и да има слободен проток на капитал, луѓе, стоки и услуги. Потписниците повикаа да се приклучат и соседите.
Лаура Стојанова М-Нет