
Мир во државата, повисоки плати и подобар животен стандард се желбите на граѓаните на Штип по повод 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба. Токму на денешниот ден, посакуваат сите оние што заминале во странство да се вратат дома, но како што велат, да имаат причина за тоа, повеќе работа, подобри плати и посигурна иднина за себе и своите семејства.
Празникот се празнува по повод основањето на Македонската револуционерна организација во Солун. Имено на 23 октомври 1893 година во куќата на солунскиот книжар Иван Хаџи Николов во Солун се собрале шестмина млади мажи за да ги ставаат основите на тоа што ќе стане симбол и знаме на борбите на Македонците за слобода. Основоположниците биле: Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев. Тие основаат конспиративна група, нарекувајќи ја Македонски револуционерен комитет.
Иван Митев, М-Нет