Направија ли штипјанки превентивни прегледи на дојките по повод месецот на женското здравје?

Направија ли штипјанки прегледи на дојките? По повод Розовиот октомври, месецот посветен на подигање на свеста за ракот на дојка, жените признаа дека одамна не направиле рутинска контрола на дојките, иако се свесни за опасноста од канцерогените заболувања. Сепак, велат дека често при туширање или пред огледало прават самопреглед за да утврдат дали настанале одредени промени.

Штипјанки се задоволни од досегашните настани за подигање на свеста кај жените за рано откривање и превенција на ракот на дојка, но, како што велат, потребни се повеќе активности и поголема вклученост на здруженијата. Нив особено ги радува фактот дека во штипската болница има можност за бесплатни превентивни преглед

Надлежните апелираат до сите жени редовно да се грижат за своето здравје и да не ги одложуваат превентивните прегледи. Нека ова биде само уште еден потсетник до секоја жена, мајка и баба дека зад секој преглед стои можност за навремена дијагноза, а зад секоја навремена реакција – надеж за нова победа, победа на жената над болеста.

Eва Тушевска, М-Нет