Планинарот Зоран Николов го освои врвот Аконкагва – највисокиот врв во Америка

Професионалниот планинар Зоран Николов во периодот од 1. февруари до 19. февруари учествува на планинарска експедиција за искачување на највисокиот врв на Андите и највисок во Америка – Аконкагва 6962 м.н.в.

Николов после др. Сашко Кедев е вториот штипјанец кој се искачил на овој екстремно тежок за искачување врв.

Оваа сезона успешноста на искачувањето е под 40% на сите планинари од целиот свет кои се обидеа да го искачат врвот

Ова е 18-дневна експедиција за искачување на највисокиот врв на Андите, а и највисок на американскиот континент.

Николов сега се наоѓа во базен камп на 4300 м.н.в., а за околу една недела би требало да се врати во Македонија.

Александар Ванев, М-Нет