
Третолигашот Куманово за пролетната полусезона претстави уште едно засилување.
Нов играч на есенскиот шампион во Трета лига – Север е Богдан Велиновски.
26-годишниот стопер во екипата предводена од Даниел Стојановски доаѓа од редовите на второлигашот Скопје, а во кариера има настапувано и за Детонит Плачковица, Слога од Виница, Воска Спорт, Силекс, Брегалница, Македонија ЃП и Вардар.
Во пролетниот дел Куманово ќе води борба да го сочува првото место, а со тоа и да го обезбеди баражот за Втора лига.
Александар Ванев, М-Нет