Тиквеш го засили тимот: Октај Ракипи е новото име во црвено-белиот табор!

ГФК Тиквеш продолжува со засилувањата во пресрет на новите предизвици, а најново име во составот на кавадаречкиот прволигаш е младиот Октај Ракипи.
Од клубот соопштија дека Ракипи пристигнува во Кавадарци како амбициозен и технички квалитетен фудбалер, кој ќе се обиде со своите настапи да придонесе за остварување на клупските цели во новата сезона.
Во Тиквеш веруваат дека неговата енергија, професионален однос и желба за напредок совршено се вклопуваат во визијата што ја градат, а очекувањата се Ракипи брзо да се наметне како важен дел од тимот.
„Веруваме дека ова е само почеток на едно успешно заедничко поглавје. Добредојде во Кавадарци, Октај! Добредојде дома!“, порачаа од ГФК Тиквеш.
Со овој потег, кавадаречкиот клуб продолжува да го комплетира ростерот со кој ќе атакува на што подобри резултати во претстојната сезона.