По дезинфекција на главните, продолжува дезинфекција на останатите улици во Штип

Општина Штип заедно со Територијалната противпожарна единица и Јавното претпријатие Исар продолжуваат со акцијата на миење на улиците и дезинфекција на местата за одлагање на отпад.

Акцијата започна во населбите Осми Ноември, Сењак и во централното градско подрачје, а моментално се одвива и на помалите улици во градот

Вработените во штипската противпожарна единица и во јавното претпријатие вршеа дезинфекција на местата за одлагање на отпад како и миење на патните коловози и површините за пешаци.

Денеска продолжи акцијата со засилена динамика во останатите делови од градот со цел намалена опасност за зараза од вирусот Ковид 19 или Корона.

„Дополнително вршевме дезинфекција на зградата во општината, на сите канцеларии кадешто граѓаните ги добиваат своите потреби.

Апелиравме до такси компаниите, како и до превозниците на работниците и работничките да ги дезинфицираат своите возила, со цел безбедност на повисоко ниво.

Ги следиме сите препораки од Владата и се надеваме дека во наредниот период ќе се нормализира состојбата и граѓаните ќе функционираат со нормален интензитет,“ изјави градоначалникот Бочварски.

Видео: