
Боксерите на Пинк Пантер од Штип забележаа уште еден голем успех во рамки на 9. коло на Опен Балкан лигата Олимписки надежи, коло кое се одржа во Ниш, Србија.
Штипските „пантери“ предводени од искусниот стратег Петре Чурлиновски забележаа четири победи и еден пораз, со што освоија четири златни медали и еден сребрен медал, како и пехар за најдобар странски боксер кој му припадна на Иса Бајрам.
Сега боксерите од Штип ја зголемија бодовната разлика на првото место од табелата, останува уште едно коло да се одигра, а кое е закажано за 6 јуни во Охрид.
Во Ниш во рамки на 9. коло победи забележаа Езел Шабан, Али Расимов, Ненад Наков и Иса Бајрам, додека Зулфикар Бајрам загуби во една рамноправна борба.
Александар Ванев, М-Нет