
На неколку кола до крајот во Третата македонска фудбалска лига четири шампиони се познати, останува трката на Истокот меѓу Победа Валандово и Овче Поле кој да биде шампион.
Овој викенд официјално беа потврдени нови два шампиони – во Југозапад шампион стана Влазними од Струга откако славеше со 3:0 над Могила, во Запад е шампион тимот на Камјани, а претходно шампиони станаа Еуромилк ГЛ во Северот и Борец на Југот.
Останува дилемата на Истокот кој ќе биде шампион и ќе игра бараж за Втора лига. Победа Валандово славеше со 2:3 над Малеш во Берово и се врати на првото место, Ударник со 1:4 го доби Хоризонт Турново, а пак Тиверија дома загуби од Брегалница Делчево со 2:3.
На врвот е Победа Валандово со 38 бодови, Овче Поле е втор со 37 бодови, само бод е разликата меѓу двете екипи на три кола до крајот.
Во баражот за Втора лига ќе играат второлигашите Саса, Тетекс и Кожуф кои ќе се борат за опстанок, како и третолигашите Камјани, Борец, Еуромилк ГЛ, Влазними и последниот патник кој треба да се добие меѓу Победа Валандово и Овче Поле.
Александар Ванев, М-Нет