Пешаците најранлива категорија на учесници во сообраќајот. 30 лица пешаци годишно го губат животот од сообраќајни незгоди

Пешаците се една од најранливите категории на учесници во сообраќајот. И покрај статистичките податоци иако сеуште неофицијални, покажуваат дека постои намалување на загинати и повредени лица во сообраќајот годинава во споредба со претходните години, меѓутоа сеуште безбедноста во нашата држава сеуште не е на ниво како во земјите во Унијата.
„Пешаците и покрај тоа што се многу ранлива група на учесници во сообраќајот, спаѓаат и во групата на најнедисциплинирани учесници во сообраќајот. Одговорноста за безбедноста на пешаците во сообраќајот е поделена. Од една страна одговорност сносат и возачите, меѓутоа важно е и самите пешаци да сватат дека и тие се активни учесници во сообраќајот, и за нив важат правила и прописи кои мораат да ги почитуваат.“ – стоеше во изјавата на Ристо Манчев, од РСБСП.
Со доаѓањето на празниците, претходното искуство покажува дека се зголемува и бројот на жртви и повредени лица од сообраќајни незгоди. Затоа годинава со порака и апел да се вози повнимателно.
Искуството од минатите години покажува дека околу 25% од жртвите во сообраќајни незгоди, или во просек 30 лица кој го губат животот годишно се пешаци.

Лаура Стојанова М-Нет