
На брзо возење и незастанување пред пешачки премини се жалат повозрасни граѓани во Штип, потенцирајќи дека поради возраста имаат побавни реакции и потешко се снаоѓаат во сообраќајот. Велат дека често чекаат и по неколку минути за безбедно да преминат на другата страна од улицата. Замолуваат до возачите да внимаваат и да ги почитуваат пешаците, бидејќи ваквото однесување не е прифатливо. Посочуваат дека, од друга страна, често забележуваат и случаи, кога и самите пешаци не се доволно внимателни и преминуваат каде ќе им текне.
Од друга страна, други велат дека немаат проблем со возачите. Поретко излегуваат на фреквренти улици и најчесто се движат во парковите или нпред зграда.
Од полицијата и натаму апелираат на одговорно однесување во сообраќајот. Пешаците да минуваат на обележани пешачки премини без избрзување, а возачите навремено да застануваат и да им даваат предност. Само со взаемна внимателност и почитување на правилата може да се зголеми безбедноста на улиците во Штип.
Иван Митев / М Нет