
Нова странска инвестиција бара свој простор во технолошко индустриската зона во Штип. Директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски истакна дека со вчерашното писмо е потврдено дека странска инвестиција има намери за инвестирање токму во Штип. Истовремено тој додаде дека се преземаат активности и работи за странските инвеститори да изнвестираат надвор од главниот град.
„Во изминатиот период за жал рамномерниот регионален развој не бил доволно истакнат во развојот на разговорите, меѓудругото на дирекцијата на странските инвеститори, но ние го менуваме тоа. Го менуваме на начин што веќе уведовме една многу практична мерка, направивме вреднување на земјиштето во ТИРЗ и покажа очекувано дека земјиштето е најскапо во Скопје. “ – истакна Деспотовски.
Деспотовски посочи дека откако ќе завршат разговорите со странските инвестититори и дека до крајот на годината истите ќе може да бидат објавени. И не само нови инвестиции туку проширување ќе има и на компаниите кој веќе инвестирале во ТИРЗ зоните и со кои се има добра соработка.
Лаура Стојанова М-Нет