Пет екипи во трка за директен влез во Прва лига, место има за една, две ќе играат бараж, две ќе извисат!

Во сабота стартува пролетната полусезона во Втората македонска фудбалска лига со натпреварите од 16 коло, а вториот дел од сезоната ќе носи неверојатна борба за која екипа даи ма директен влез во Прва лига, а кои две екипи да играат бараж за можен влез во елитата.

Охрид, Шкендија Арачиново, Брегалница, Беласица и Скопје ќе водат борба на фудбалските терени низ Македонија, една екипа од овие сигурно ќе игра во Прва лига следната сезона, а две преку бараж ќе се обидат да бидат подобри од прволигашки кои ќе се борат за опстанок преку бараж, додека пак две екипи ќе изивисат и следната сезона ќе бидат одново второлигаши.

Сите екипи се засилени, Охрид и Брегалница го сочуваа костурот на тимот и го надополнија со неколку нови фудбалери, најмногу менуваше Шкендија Арачиново која има повеќе од десеттина засилувања, а исто толку и разделби. Беласица се раздели со неколку играчи, а донесе и неколку нови играчи, додека пак Скопје влегува значително засилен со неколку искусни фудбалери.

Од сенка ќе се обидуваат и Новаци и Детонит Плачковица да направат некое изнедување и сигурно е дека ќе бидат екипи кои ќе решават околу врвот на самата табела.

Сите пет екипи имаат отворени амбиции и сакаат следната сезона да бидат дело од елитата. Охрид е постојатно во самиот врв на Втората лига изминатите сезони, како и Беласица. Шкендија Арачиново по долги години се врати во Втора лига и веќе сака влез во елитата, а пак Брегалница по неколку сезони има шанси да се врати во елитата, исто како и Скопје.

Во рамки на првото коло веќе ќе гледаме дерби во Струмица меѓу Беласица и Охрид, Шкендија Арачиново ќе има лесна задача против Преспа на домашен терен, а исто ќе биде и со Скопје кој ќе гостува кај Слога од Виница. Неизвесно ќе биде гостувањето на Брегалница во Гевгелија кај Кожуф, бидејќи овие две екипи на стартот од новата сезона одиграа 0:0 во Штип.

Секоја грешка односно пораз или реми ќе донесе многу промени на табелата, а победа и три бодови носи можност за прогрес на врвот. Во пролетниот дел ќе се одиграат 15 натпревари, во игра се 45 бодови.

Александар Ванев, М-Нет