
Македонската фудбалска репрезентација до 16 години одигра два контролни натпревари со репрезентацијата на Малта на гостински терен, на кои на првиот славеше со убедливи 5:0, а на вториот тест ремизираше без голови (0:0), но со многу пропуштени шанси.
Младите надежи на селекторот Исејни одиграа два одлични натпревари, потврдувајќи ја одличната форма. На првиот меч младата репрезентација на Македонија имаше моќно издание, Емини го отвори резултатот, а пак Полимац погоди за водство од 2:0. До крајот на првиот дел Емини погоди за 3:0 на полувреме.
Во вториот дел домашните си постигнаа автогол со тоа Македонија имаше високи 4:0, а конечните 5:0 ги постави Крстевски. Нашата репрезентација на овој меч имаше шанси и за уште поубедлива победа.
На вториот меч на кој немаше погодоци, одиграме зрело и тактички добар натпревар, но шансите кои ги имавме не ги претворивме во погодоци и мрежите останаа чисти.
Александар Ванев, М-Нет