
Работнички ја игра најлошата сезоната, клубот е во длабока резутлатска криза, како што ја заврши 2025 година, така и ја започна 2026 продолжувајќи ја серијата на порази.
„Романтичарите“ се претпоследни со само седум бодови имаат серија од само една победа, четири ремија и дури 13 порази. Променија неколку тренери, но резултат нема, зимава промовираа неколку нови засилувања, но никако тимот да излезе од серијата на порази.
Од коло во коло тимот од Дебар Маало е чекор поблиску до испаѓање во Втора лига, во моментот има негатива од 15 бодови во однос на седмото место кое гарантира директен опстанок во елитата, а пак од бараж зоната има 12 бодови.
Минатата сезона Работнички се бореше за титула и излез во Европа, не успеа да ја освои титулата, но обезбеди излез во Европа, не се прослави многу откако уште во првото квалификациско коло за Конференциската лига беше елиминиран, а сега тимот се соочува со најтешката мисија за опстанок во елитното друштво.
Пролетниот дел Работнички го отвори со два тешки порази, загуби од Пелистер во Битола со 4:1, а потоа и градското дерби со Вардар го загуби со 0:3.
Веќе во следното коло тимот на Работнички ќе гостува во Струмица каде ќе бара позитивен резултат против мотивираната Брера.
Александар Ванев, М-Нет