Паниката и хистеријата која ја шират Венко Филипче и талогот од СДС очигледно се резултат на состојбата во која е оваа опозициска партија, кажа денеска на прес-конференција, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.
„Дополнително, во целата оваа ситуација е и тоа што Филипче не може реално да расудува. На Филипче ништо не му чини, ниту еден проект, не сака да види било каков напредок во државата, не се согласува со ниту една идеја која има за цел подобрување на состојбата во државата и стандардот на граѓаните“, истакна тој.
Петрушевски вели дека „на Филипче ВМРО-ДПМНЕ му е виновно за се, дури и за случувањата во неговата партијата“.
„Ако на Филипче му е единствен начин на делување хистеријата што ја шири, ако се определил само за критика и напад кон се и сешто, дури и кон некогашни сопартијци, членови и носители во минатото на функции, тогаш навистина е на лош пат. ВМРО-ДПМНЕ како партија која сега ја предводи Владата може само да продолжи со грижа за граѓаните, а Филипче добронамерно го советуваме – очајот и нападите да ги остави на страна. На Македонија и треба силна опозиција, а не како што е сега СДС, партија на која ВМРО-ДПМНЕ и е виновна за се“, рече Петрушевски.
Текстот (Видео) Петрушевски: Со обвинувањата дека ВМРО-ДПМНЕ е виновно и за состојбата во СДС, Филипче и талогот на СДС се на добар пат да се самоуништат е превземен од МАКФАКС.