Пензионерите утре ќе ги земат мартовските пензии повисоки за 2500 денари

Од утре ќе почне исплатата на мартвските пензии, однонсо пензионерите на своите сметки ќе добијат пензија повисока за 2500 денари. Со претходното покачување од 2500 денари, пензионерите ќе го добијат бараното линеарно покачување на пензиите за 5000 денари. Пензионерите на улица со протести го добијат покачувањето на пензиите. Едногласни беа дека со пензија од 11 илјади денари не може да се преживее месецот. Високите сметки за струја вода, трошоците за храна и лекови ги оставаа во мат позиција и токму затоа бараа повискои пензии. Премиерот, Хриситијан Мицкоски потенцираше дека ветеното кон пензионерите се реализира за само девет месеци.

„Од 1 април ќе започне исплатата на зголемените линеарни пензии за нови 2500 денари, со што со они првични зголемувања и ова сега доаѓаме до оние 5000 денари линеарно зголемување кое го ветивме во првата година.“ – вели Мицкоски.

Во неговата изјава Мицкоски потенцираше дека и Платите на здравствените работници за март ќе бидат поголеми за 15 отсто, а до крајот на мандатот ќе бидат покачени за 40 – 50 проценти.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет