
Оваа недела започнува со работа странска компанија лоцирана во ТИР зоната во Штип. Со ова ќе се обезбедат нови дополнителни 500 до 600 вработување, а работниците ќе бидат и добрo платени. Како што посочи премиерот, Христијан Мицкоски, станува збор за странска инвестиција вредна околу 50 милиони евра. Освен оваа во процес на развивање се уште 15 странски инвестиции, од кои се очекува барем половината да бидат успешно реализирани.
„Странски инвестиции секојденевно доаѓаат. Имаме некои 15 кои се во процес на развивање. Очекувам од тие најмалку половината да бидат успешни. Оваа недела ќе отпочне со работа фабриката, странски инвеститор во Штип, со нови 500 до 600 вработени, добро платени вработени и со инвестиција која беше околу 45 – 50 милиони евра. Повторно се зацврстуваме во регионот како дестинација за странски инвестиции.“ – вели Мицкоски.
Во меѓувреме изминатиот период, се прошири информацијата дека и италјанска компанија за производство на базени ќе биде отворена во ТИР Зоната во Штип. Оваа компанија треба да овозможи нови 30 до 50 вработувања, со што се прави чекор напред за економски развој на Штип и Источна Македонија.
Лаура Стојанова Ќирчов, М Нет