Вежби за дишење за повредените од Кочани се неопходни, КБ Штип со своите капацитети стои на располагање

Повредените од пожарот во дискотеката во Кочани, имаат потреба од рехабилитација со вежби за дишење. Како што вели доктор Никола Косатдинов, Физикалната терапија при КБ Штип, има капацитет и обучен кадар за помош на повредените со соодветни вежби за дишење. Физиотерапевтите се обучувале во време на корона пандемијата, а денеска по несреќата во Кочани ова може да се применува.

„Кај годлем дел од пацинетите повредени од несреќата освен фрактурите и изгорениците потребна е рехабилитација со вежби за дишење. Ние веќе имаме обучен кадар, физиотерапевти, кои ги знаат вештините на вежбите за дишење.“ – вели Костадинов.

Освен доволно обучен кадар, сите капацитети на Физикалната терапија се ставени на располагање за повредените пацинети. Костадинов препорачува сите кои настадрале во пожарот да побараат помош на Физиккалната терапија со што ќе добијаат соодветен третман, односно вежби за дишење.

„Нашите капацитети се целосно ставени на располагање, како хидротерапевтскиот дел, кинези салата, електро процедури така и персоналот за пример на сите повредени пациенти.“ – додава Костадинов.

Истовремено се апелира пациентите да не се лекуваат на сопствена рака. Повредените помош треба да побараат од лекари.

Во пожарот во дискотеката во Кочани околу 200 луѓе беа повредени. Дел од нив се лекуваа на скопските клиники, а друг дел во болниците надвор од државата. Најголем дел од пациентите кои се лекуваа во странство се со изгореници, но по завршувањето на болничкото лекување потребни се и вежби со дишењето.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет