Пензионерите бараат воведување на пензионерска картичка – за попуст во маркетите, поевтини лекови и достоинствен живот

Пензионерите повторно кренаа глас, бараат државата да воведе пензионерска картичка за попусти во маркетите, поевтини лекови и за достоинствен живот. Со оваа иницијатива, пензионерите апелираат до институциите да ја разгледаат можноста за воведување на систем на поддршка, кој ќе им овозможи не само попусти, туку и чувство на грижа и почит. Сметаат дека пензионерската картичка би била прв чекор кон подобрување на квалитетот на нивниот живот.

„Во идно време сите пензионери да имаме пензионерска картичка, и сите пензионери што ќе бидат, ние знаеме дека нашата држава е сиромашна, меѓутоа да има достоинствено барем корка леб да можат да јадат и оние што се најсиромашни. И да се избориме во идно време да имам бенити како што има една соседна Србија и многу други што се може би малку пред нас. Да имаме како пензионери утре превилегии да можеме лековите да си ги купиме, бар малку по добро да живееме, да можеме во маркет лебот да го купиме со пет, десет посто со пониска цена. “, велат пензионерите

Сите овие бенефити, пензионерите велат дека сакаат да ги постигнат на легналено. Како што велат не сакаат да им се лепи етикети дека работат не законски.

Инаку, пензионерите дополнително истакнаа дека за сввојата правда ќе се борат до крај, како што беше и до сега. Во изминатиот период со масовен протест тие ја постигнаа својата цел за линеарно зголемување на пензиите од септември. Во септември добиваат 1000 денари, а уште толку во март следната 2026.

Иван Митев, М-Нет