Ден за молитва и духовен мир – верниците го празнуваат Св. великомаченик Прокопиј

Ден за молитва и духовен мир – православните верници го чествуваат Светиот великомаченик Прокопиј, заштитникот кој, според народното верување, штити од болести, несреќи и природни непогоди. Во многу цркви низ државата се служеше празнична литургија, а верниците доаѓаа да запалат свеќа и да се помолат за здравје, мир во семејството и безбедност на патиштата.

И не само денес, Свети Прокопиј се славел од дамнешни времиња, штипјани во сеќавање раскажаа за некогашните празнувања за разникот Прокопие.

Инаку, Свети Прокопиј е еден од поголемите христијански празници од летниот циклус којшто е непроменлив празник. Народот го смета за тежок празник, односно за да не го прокопа порој полето, а жените го држат празник за да им се прокопсани децата.

Иван Митев, М-Нет