Стариот ѕид пред уривање кај Клиничката болница во Штип претставува закана за граѓаните

Ѕидот кај Клиничката болница во Штип со години наназад претставува опасност и пречка за движење на граѓаните. Велат безбедноста им е загрозена, а неговата состојба не е променета долги години. Тој се наоѓа во состојба на распаѓање и истиот може да предизвика голема штета како за граѓаните така и за патничките возила кои секојдневно минуваат покрај него. Согласни се дека истиот треба да се санира и да добие нов изглед

„Ништо нема безбедно тука веќе и ние кај шо работеме не е безбедно веќе. Таа собичка е исто самица у затворо. Се има шанси да падне сами питајте ги шо се повеќе тие. Опасно е, нормално дека е опасно.“

„Не ми стое дека е безбеден, јас не сум од тука, треба да се поправе да се реновира, да се санира“

„Ѕидот не е безбеден ама тој ѕид не е од сега, повеќе години е во таква состојба. Ѕид е небезбеден затоа што од таа страна станбеното претпријатие ја продолжија улицата требаше да го направат, падна целиот ѕид со оградата, таму е попроблематично него ли тука. Тука малку го закрпија, за мене ја бегам, избегавам а за другите не знам денеска ѕтреба да бидеш претпазлив не само од оваа страна него од секаде.“

За да се реши проблемот велат дека треба да реагираат институциите за да истиот се замени со нов кој ќе ја гарантира безбедноста на сите оние кои се движат таму.

Од Клиничка болница Штип велат дека проблемот со потпорниот ѕид трае повеќе од 20 години.

„Со една од реконструкциите на улицата „Љубен Иванов“ од страна фирмата која што ја вршела реконструкцијата и проширувањето е извршено поткопување на темелите на оградниот ѕид. Штетата настаната во истиот момент не е санирана што доведе со тек на време, под дејство на надворешните влијанија до зарушување на дел од потпорниот ѕид.„

Во оваа прилика ги прашавме дали ќе има санација на потпорниот ѕид оттаму одговорија:

„Улицата „Љубен Иванов“ се наоѓа на т.н Стара рампа или некогашен помошен или спореден влез на Болницата. Денес тој влез не се користи, но на самата улица значително е зголемена фрефенцијата. На тоа придонесоа зголемениот број на возила копи учествуваа во изградбата на Болницата а, по истата улица гравитираат и возилата до средното медицинско училиште. Со завршување на изградбата на новата Клиничка болница, улицата „Љубен Иванов“ ќе добие нов лик и во тој момент сите овие проблеми ќе бидат надминати.„

На прашањето колку средства се потребни за реконструкција на ѕидот од КБ велат:

„Со оглед на тоа дека се гради нова Клиничка болница во Штип, нејзината изградба секако е приоритет за нас и за целиот источен регион, во овој момент сме сконцентрирани на конечна реализација на нова Клиничка болница.„

Од таму посочија по изградбата на новата Клиничка болница, улицата Љубен Иванов ќе добие нов лик а со тоа и проблемот ќе биде решен.

Лаура Стојанова, М-Нет