Пеколни температури во Штип, граѓаните ги почитуваат препораките, лекарите со апел на големо внимание

Штип се топи, секој агол, секој ќош, секој ѕид е како да пари од внатре. И покрај тоа што граѓаните ги почитуваат сите препораки на лекарите – пијат вода, носат лесна облека, избегнуваат сонце – сепак пеколот не попушта.

Во анкетата што ја спроведовме, 90% од штипјаните признаваат дека со овие температури немаат сила да функционираат нормално. Како што истакнуваат излегувањето од дома е како да влегува во печка.

Низок крвен притисок, колапс, малаксаност, поспаност, главоболки, намалена концетрација и слабост се само дел од симптоми на кои се жалат граѓаните. Лекарите предупредуваат со секоја здравствена промена, да се консултираат со своите матични.

Инаку, температурите се очекуваат да опаднат во следните неколку дена. Како што најавија синоптичарите, температурата се очекува да опадне за 5 степени, со што граѓаните ќе можат да се стабилизираат.

Иван Митев, М-Нет