
Голема бучава во ноќните часови, мотори кои секоја вечер ги оставаат граѓаните без сон, ваква е сликата во повеќе населени места во Штип. Од СВР Штип посочуваат дека во континуитет се преземаат мерки и активносто за превенција и подобрување на безбедноста во патниот сообраќај.
„СВР Штип континуирани презема мерки и активности во делот на превенција за подобрување на безбедноста во патниот сообраќај. Со оглед на фактот дека летниот период е примамлив пред сѐ за младата популација која зачестено користи мопеди, а со тоа го попречува нормалното живеење и функционирање на останатите граѓани, како и за другите учесници во сообраќајот за кои важат правилата и законските одредби.“ – вели Гигов.
Дополнително посочуваат дека сите учесници во сообраќајот, треба да ги почитуваат пропишаните правила и прописи со цел поголема безбедност.
„За да учествуваат во патниот сообраќај потребно е да имаат навршено, наполнето одредена годишна возраст, односно положено возачки испит во зависност од категоријата. За катергодијата АМ и А1 треба да имаат наполнето 16 години, а за А2 треба да имаат 18 години. Мопедите и моторциклите кои се користат треба да бидат технички исправни и со соодветна важност на сообраќајната исправа. Задолжително е користењето на заштитни шлемови“ – додава Гигов.
Од СВР Штип апелираат младите да ги почитуваат правилата и да не создаваат бучава во ноќните часови со своите мотори. Во спортивно мотор се одзема се носи на технички преглед и доколку се утврди дека создава поголема бучава од дозволеното се исклучува од сообраќај.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет