
Патот пред влезот на штипското селото Стар Караорман е причина за да се случат несакани последици. Овој пат е еден од фреквентните и секојдневно користен, а истиот не е доволно широк, велат жителите на селото. Нема поставено знак за населено место, но и за ограничена брзина за возење, истаканаа тие и додаваат дека е потребно ознака и проширување.
“Пред влезот на Караорман има еден мост со кој се стеснува патот. Тој е регионален пат за Штип, но и за накај Кочани. Со ваквата ситуација, тој се стеснува, а никој не се нафати да го прошири. Кривината пред влезот на Караорман што беше за ограничена брзина, име за населено место е скршен и сега нема обележје. Па треба да се прошири тој мост и да се стави нов знак за населено место и ограничена брзина“, велат мештаните
На самото место годинава се случиле околу четири сообраќајни несреќи во кој за среќа нема жртви, велат селаните, ама последиците врз автомобилите се доволни, што го отежнува пак буџетот на возачите.
“На истото место од нова година, мислам дека веќе има четири сообраќајни незгоди и тоа тие се со големи последици, среќа е што нема жртви, ама затоа има последица врз автомоболите, дали тоа се скршени или преобрнати, затоа што нема знак за кривина. Треба да се виде и да се обележје на време за да се спречат несреќите.“, истакнаа селаните
Местото за тие што постојано поминуваат од таму е доста познато, па знаат каде треба да прикочат, велат тие, но е опасно за тие што не го познаваат и немаат представа за истото.
“Јас го знам самото место и ја намалувам самата брзина, но тие што не го знаат и се од страна незнам дали би намалиле или возат со поголема брзина, не знам. Така е, ако еден пази, другиот не пази, кога нема знак, многу е битно тоа што нема знак.“, додаваат жителите
Во однос на ситуацијата од Јавното претпријатели за државни патишта на Македонија, велат дека знаците низ населените места постојано трпат кражби и поради истиот факт во селото нема соодветна ознака. Во следниот период ќе се постават нови ознаки за населено место и намалување на брзината, се со цел да се зголеми безбедноста како за возачите, така и за жителите.
Лаура Стојанова, М-Нет