Неподнесувањето барање за паушално оданочување на данок на личен доход до УЈП ќе ги чини граѓаните од педесет до десет илјади евра

„Лицата вршители на дејност од времен карактер пред отпочнување на нивната дејност потребно е да поднесат барање за паушално однаочување на данок на личен доход“ изјави директорот на УЈП Кочани, Сашко Глигоров. Лицата кои за време на летната сезона планираат да вршат одредена дејност истите треба прво да поднесат барање до УЈП, а потоа да вршат дејност. Барањето за преземање е достапно на страната на УЈП или истото може да се пополни лично во даночните канцеларии во Управата.

„Ние како Управа за јавни приходи имаме обврска да им укажеме на овие лица вршители на дејност од времен карактер дека пред отпочнување на нивната дејност потребно е да поднесат барање за паушално оданочување на данок на личен доход до УЈП. Значи, секој кој што планира оваа летна сезона да врши некоја од овие дејности најпрво треба да поднесе барање па потоа да ја врши дејноста. Барањето можат да го преземат од веб страната на УЈП или од самите даночни канцеларии на УЈП“ вели Глигоров

Приходите од лицата кои издаваат простори под закуп треба да се пријават на е- даночнни улуги со што УЈП ќе има целосен електронски пристап за пријавување на приходот за закупнина од ваков тип. Со потполнување на податоците, закуподавачот ќе добие автоматски налог за уплата на персонален данок.

„Ние им укажуваме на граѓаните кои вршат издавање на простори значи под закуп дека треба да ги пријават истите приходи на нашата платформа на е- даночни услуги. Тоа што значи, имаме целосно електронски пристап за пријавување на самиот приход по основ на ќирии за закупнина од ваков тип, со пополнување на податоците само до страна на лицето кое што е закуподавачот добиваат автоматски налог за уплата на персонален данок по основ на законот за личен доход“ посочи Глигоров

Доколку се работи за закуп во период од цела година лицето може да направи за целта година и да добие 12 налози за плаќање. Овде се вклучуваат и апартмани изнајмени на еден ден два или три со тоа што системот пресметката ја прави автоматски.

„Пресметките кои што се прават во системот на е- даночни услуги односно во ЕППД истите доколку се работи за закуп во период од цела година лицето може да ги направи за цела година и да добие 12 налози за плаќање, меѓутоа овде се случува да се изнајмат апармани за ден, два или три преметката ја прави автоматски системот и вие само го уплатувате налогот кој што ви е генериран преку системот на УЈП“

За лицата кои што немат да поднесат барање однапред следуваат глоби во висина од педесет евра до десет илјади евра во зависнот од прекршокот кој што е направен и од големината на даночниот обврзник.

Лаура Стојанова, М-Нет