Парите се малку, а желбата за одмор голема – штипјани во голема дилема пред летото

Парите се малку, а желбата за одмор голема – штипјани во голема дилема пред летото. Во пресрет на летната сезона, анкетата меѓу Штипјани открива драстична поделба. Дел од нив најавуваат патување, и покрај слабите примања, други цврсто одлучни ова лето да останат дома, откако пет години по ред не отпатувале никаде.
За многумина најдалечна дестинација ќе биде Дојран, што го доведува фактот дека економската ситуација е тешка. Желбата за одмор и бегство од секојдневието останува силна, но реалноста ги кочи плановите.

Какво лето ги очекува Штипјани?

Некои од анкетираните признаваат дека денес, за да си овозможат барем краток одмор, луѓето се принудени да вадат кредити. Со ниските плати и растечките трошоци, многумина едноставно немаат друга опција.

И покрај сите пречки, надежта не се губи. Штипјани веруваат дека следното лето ќе биде подобро и дека ќе успеат да си дозволат заслужен одмор. Во меѓувреме, многумина ќе се задоволат со кратки излети или одмор во близина, додека чекорат кон подобра финансиска иднина.

Иван Митев, М-Нет