Паризов: Конференцијата беше за време на паузата!

Откако вчера градоначалникот Јорданов, во одговорот на прес конференцијата на СДСМ, упати низа прашања до диркеторот на Aрхивот, кој впрочем го читаше пресот, денеска одговор во писмено соопштение присигна и од него. Вели дека прес конференцијата е за време на паузата, а негово право е како и на кој начин ќе ја искористи истата. На прашањето поставено од градоначалникот Јорданов „Дали лицето кое ја читаше прес-конференција кое воедно е директор на Архивот во Штип , е на работното место и дали се грижи за ,,неговата’’ институција?’’, Паризов одговори:

„Сега јавно одговарам на прашањето, најпрво институцијата Архив во Штип не е моја, како што ни Општината Штип не е негова, а за разлика од градоначалникот јас се грижам за ,,мојата ‘’ институција и за вработените во неа, додека градоначалникот во ,,неговата’’ институција им покрена дисциплински постапки на вработените во Општина Штип, а притоа сите ги има изгубено, а воедно има платено и судски трошоци за тие постапки од Буџетот на Општина Штип-од парите на граѓаните. Јасно е дека лицето Иван Јорданов зборува и работи паушално и воопшто не ги познава законите. Известувам без разлика дали некое лице е носител на јавна функција или станува збор за општ работник во јавен или приватен сектор секој има право на пауза во траење од 30 минути согласно ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ – Член 132 од ЗРО. Како ќе ја користам паузата, дали за приватни обврски или политички активности е мое лично право“ – напиша Паризов.

Вчерашниот прес на ОО на СДСМ Штип беше за фонтаната која се гради кај штипската гимназија, која ги скара власта и опозицијата во Штип.

Лаура Стојанова М-Нет