
Трошоците зголемени, надлежните без слух за прозведувачите на јаболка од ресенско. Велат пласман нема, па поголем дел од земјоделците веќе и не одгледуваат овошки. Оние кои сепак произведуваат мака мачат да најдат пласман за нивните производи. Од Ресен ги носат на пазар во Штип, или пак ги даваат како за без пари за индустрија.
„Трошоците се огромни, ги повикувам надлежните да дојдат да ги видат трошоците какви се и ги молиме милион пати нека најдат пласман, пласман, 30 години зборуваме пласман, не ни треба субвенции, пласман ни треба. Извезувавме за Русија, ембарго и ставаме на Русија. Дел се снаоѓаме по пазари ги продаваме јаболката, дел ги фрламе то ест по 3,5 денари ги даваме за индустрија.“
Дополнителено на ова велат дека субвенциите не се зголемени како што е презентирано од страна на надлежните, нема исплата на пари ниту од штети, ниту од субвенции додаваат тие.

„Го запрашувам министерот дали јаболката спаѓа во овошје или не спаѓа. Како може за сѐ да има субвенции од три денари, а за јаболкото да нема. И штетите од 2018 до 2020 да ги исплатат. Каде се парите од субвенциите кои ни беа ветени“ – прашуваат земјоделците.
Јаболката на пазарот во Штип се нудеше по цена од 3 килограми до 4 килограми за 100 денари. Сѐ зависи од квалитетот велат произведуувачите, загрижени дека за неколку години ќе нема доволно производство на јаболка токму заради лошите услови во кои се наоѓаат тие.
Лаура Стојанова М-Нет