Штипјани веќе ги заштитија чешмите и водомерите од замрзнување

Ниските температури носат вистинска опасност од замрзнување на чешмите и водомерите кои се на отворено. Од Јп Исар пред една недела апелираа до граѓаните да ги изолираат своите чешми и водомери со цел да не се соочуваат со дополнителни трошоци ако истите замрзнат. Штипјани на терен веќе се подготвени. Велат секоја година ги заштитуваат своите чешми од замрзнување, иако неколкупати се соочиле со ситуација во која истите замрзнале од премногу ниските надворешни темератури.

Доколку граѓаните не се запознаени на кој начин да ги заштитат своите чешми и водомери од замрзнување, од ЈП Исар истакнаа дека може да се обратат кај нив и да добијат насоки како да го сторат истото. Дополнително, целата постапка ја има и на страната на претпријатието. Од недомна со цел заштита на јавните чешми на теритроија на Општина Штип, истите беа изолирани. Повторно ќе бидат пушени во функција од напролет кога ќе пораснат дневните темепратури.