Обилните врнежи од дожд во претходните денови го наполнија коритото на Козјачка река во Општина Карбинци, при што дојде и до бутање на поставениот мост. Општина Карбинци, има еден главен мост кој е наменет за пешаци но и за возила. Во план е и изградба на нов мост меѓутоа, ковид пандемијата го остави на пауза овој проект за цели 7 месеци. Со самото тоа за да им се излезе во пресрет на граѓаните се направи и еден пешачки мост, поставен на Козјачка река, во самото корито со кој се скратуваа околу 600 метри до 1000 метри за да не заобиколуваат граѓаните и побрзо да стигнат на нивната посакувана дестинација.

Меѓутоа, зголемувањето на нивото на водата, доведе до негово паѓање односно сега преставува опасност за поминување. Граѓаните на Општина Карбинци, не сакаа да зборуваат пред камера, бидејќи како што истакнаа ова не е нов проблем, но никој не им помага. И претходно, односно на секој пообилен дожд доаѓало до ваков проблем, барале помош од надлежните но, помошта само се ветувала а никако да се реализира. Во најави дека претстојат снежни денови, а мостот останува накосен во реката, одговор за проблемот побаравме од градоначалникот на Општина Карбинци, Насев.
„ Во моментот во село Карбинци има еднинствен мост кој што се наоѓа на регионалниот пат и тој мост се користи за влегување и излегување на жителите во самото населено место Карбинци“
Се очекува во наредните неколку денови овој премин преку пешачкиот мост поставен во самото корито на Козјачка река да биде повторно оспособен за минење преку истиот, во преговори со изведувачот . Исто така, изведувачот заклучно со 30ти јуни оваа година, односно со продолжен рок од 6 месеци има обврска да го заврши веќе најавениот мост кој ќе им служи на сите жители на Општина Карбинци, истакна Насев.