Првото новородено бебе во Општина Виница е машко. Теодор е трета среќа за неговото семејство и прво бебе во новата 2021 година. Родено е на 4 јануари во Универзитетската клиника за Геникологија и Акушерство во Скопје. Неизмерната среќа не ја сокри и неговата мајка, госпоѓа Соња
„Tрето дете ни е по ред нека ни е живо и здраво во Скопје се породив на 04.01.2020 година“
Поради изолацијата од Ковид 19 во која се наоѓа градоначалникот на Општина Виница, Димитров, честа подароците да ги додели на семејството ја имаше претседателот на Советот Тони Велков.
„Прво новородено бебе за 2021 година, Теодор му посакувам добро детство да има среќна иднина, исто така честитки и за родителите Соња и Благој, морам да истакнам дека традиционално секоја година грдоначалникот на Општина Виница Ивица Димитров доделува пакет производи за прво новородено дете а оваа година имаме и ваучер од 10.000 денари.“
Теодор е првиот бериќет за Општина Виница оваа година, со желби и надеж бројот на новороденчиња постојано да се зголемува.