Покачувањето на цената на водата е резултат на одлуката на Регулаторната комисија

Во месец јануари штипјани на сметката за вода ќе имаат зголемување за 5.4% во споредба до последниот месец минатата година. Ова се должи на одлуката на Регулаторната комисија, која тоа го спроведува по претходниот поднесен извештај од страна на Јавното претпријатие „Исар“, за извршувањето на неговата работа.

Покачувањето на цената на водата, е резултат на одлуката на Регулаторната комисија.

Јавното комунално претпријатие „Исар“ има обврска на секои 3 години да изготвува извештај за својата работа, и врз основа на тој извештај регулаторната комисија ги донесува понатамошните одлуки.