
Второлигашот Охрид започнува со засилувањата за новата натпреварувачка сезона, а како што дознава телевизија М Нет нови засилувања се искусниот Сашо Дуков како и младиот и перспективен Албнор Каба.
29-годишниот напаѓач во Охрид доаѓа од редовите на Каменица Саса каде со десет погодоци беше најдобар стрелец за „рударите“ и беше еден од најзаслужните што оваа екипа буквално во последното коло се избори за опстанок во Втората лига.
Во минатата Дуков има настапувано за Силекс, битолски Пелистер, Росоман, Тиквеш, Вардар Неготино, кичевски Напредок, Кожуф, а во странство настапуваше за ОФК Београд од Србија.
Како што дознава телевизија М Нет нов играч на Охрид ќе биде и младиот и перспективен Албнор Каба, а доаѓа од редовите на струшки Караорман.
21-годишниот дефанзивец во Караорман пристигна од редовите на албански Кукси каде настапуваше за тимот до 21 година, а претходно играше за Воска Спорт, Велешта и Шкендија од Тетово.
Младиот Каба беше еден од најважните играчи на Караорман, тој ги одигра сите првенствените натпревари за сега веќе поранешниот второлигаш од Струга, а дополнително двапати беше и во тимот на колото во Втората македонска фудбалска лига.
Охрид веќе одигра и еден пријателски натпревар против охридскиот прволигаш Воска Спорт кој го доби со 2:0.
Александар Ванев, М-Нет