
Беласица за новата сезона од Втората македонска фудбалска лига промовираше две нови засилувања, станува збор за голманот Иван Николоски и Кире Стојанов игра од нападот.
Голманот Николоски кој е роден 2002 година во Струмица пристига од редовите на второлигашот Каменица Саса, а тој е повратник во Беласица, откако и во минатото го носеше дресот на струмичката гордост, а во својата кариера покрај за Саса и Беласица има настапувано и за Победа од каде потекнува, младинските категории на Брегалница и Работнички, Дрита од Боговиње, Влазерими, Силекс и Воска Спорт.
Станува збор за млад и перспективен голман со што Беласица решава важно прашање на голманската позиција.
Стојанов е млад играч кој игра во нападот, а е роден 2005 година. Еден од подобрите играчи во Македонија во својата генерација, а исто така е и репрезентативец на Македонија во репрезентацијата до 19 години. Стојанов во Беласица доаѓа од редовите на Брера Струмица.
Беласица како и во минатата сезона така и во новата сезона ќе влезе со млад тим, надополнет со поискусни фудбалери. Минатата сезона струмичани завршија на 7. место на табелата со 42 бодови.
Александар Ванев, Струмица Сити