Охрид пресилен за убедлива победа, реми на Тетекс и Кожуф

Денес беа одиграни два од одложените натпревари на Втората македонска фудбалска лига, се играше мечот од 13. коло меѓу Големо Коњари и Охрид, каде три гола постигна Иван Глигоров во победата од 0:9.

Каланоски беше двоен стрелец, а по една за Охрид погодија Затуроски, Попоски, Парталко и Димитриевски.

Во Тетово се одигра одложениот меч меѓу Тетекс и Кожуф од 14. коло на Втора лига, овој меч заврши без погодоци 0:0, каде двете екипи ги поделија бодовите и мораа да се задоволат само со бод.

Александар Ванев, М-Нет