Официјално започнува и кампањата за парламентарните избори, што очекуваат штипјани?

Од денеска започнува кампањата за парламентарните избори. Двете кампањи за претседателските и парламентари избори се поклопуваат, односно во наредните четири дена ќе се одвиваат паралелно вклучувајќи го и денешниот, по што на 22 април настапува 48-часовниот молк за претседателските избори. И додека од една страна денеска официјално започна кампањата за избор на пратенци, кампањата за претседателските избори се одвива со засилено темпо. Кандидатите за претседател на државата постојано се на терен, на средба со граѓаните презентирајќи ја својата програма. Граѓаните на терен во Штип очекуваат промена во периодот кој следи на подобро, согласно нивните ветувања, и програми.

„Кој победе тој, ама мислам дека ќе биде подобро, досега страдавме, сега треба да биде подобро.Мислам дека многу работи ќе се променат. За цените не сум сигурен ама платите можеби ќе се покачат“ – велат граѓаните.

Кампањата за изборите за пратеници ќе трае до 6 мај по што ќе започне дводневниот молк пред 8 мај-денот на одржување на парламентарните и вториот круг од претседателските избори.

Лаура Стојанова М-Нет