Отец Димитар Арсовски – новиот протојереј на Кочани, унапреден по заслуги во црквата

Отец Димитар Арсовски е новиот протојереј на Кочани, признание за неговата долгогодишна посветеност и служба. На свечената богослужба во манастирот Свети Пантелејмон во селото Пантелеј, митрополитот Брегалнички, г. Иларион, му додели високиот црковен чин, потврдувајќи ја неговата улога како духовен водич и стожер на локалната заедница.

Чинот протејереј е едно од највисоките унапредувања за свештеник, што се доделува по долга и значајна служба на Црквата, како знак на признание за неговата духовна пожртвуваност и успешна пастирска работа. Отец Димитар започнал како гакон во 2012 година, а од 2020 година бил назначен за свештеник. Со новото унапредување, како протоереј, продолжува да ја води Кочанската парохија, ја зајакнува духовната сила на верниците и ја продлабочува нивната вера.

Ова унапредување е не само потврда за неговата неисцрпна посветеност на црковното служение, туку и сведоштво за важноста на неговата улога во животот на заедницата. Како протоереј, отец Димитар ќе продолжи да ја носи светлината на Христовото учење во срцата на сите кои го следат.

Иван Митев, М-Нет