
Викендов како ,, Див Запад“ – речиси 1200 прекршоци низ државата. Возеле пијани, без возачки дозволи, пребрзо и без шлемови.
Според сообраќајните контроли спроведени од сите СВР на ниво на државата во периодот од 9 до 10 август, се евидентирани вкупно 1172 сообраќајни прекршоци, од кои најмногу за брзо воење и тоа дури 459. Истовремено 80 возачи возеле под дејство на алкохол, кој биле исклучени од сообрачај, додека пак 48 возачи на мотоцикли се санкционирани заради неносење на заштитен шлем.
Инаку согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата се закнционирани и 192 за недозволено паркирање, додека пак прекршочно се санкционирани уште 38 лица кои некористеле сигурносен појас, 28 заради користење мобилен телефон при возење, четворица минале на црвено светло, а пет возачи се санкционирани поради не исполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата.
Исто така, а согласно Законот за возила, 29 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. И понатаму од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, се со цел заеднички да се придонесе за побезбедни патишта.
Иван Митев, М-Нет